Şerife Çetin
08 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Во рамки на протестот на „Жолтите елеци“ во белгискиот главен град Брисел, демонстрантите тргнаа кон институциите на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите кои се собраа во центарот на Брисел, тргнаа кон подрачјето на плоштадот „Шуман“, каде што се наоѓа Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.
„Жолтите елеци“ се соочија со полицијата во близина на зградата на Европскиот совет.
Полицијата презеде големи безбедносни мерки во подрачјето, додека влезовите на улиците близу овие згради се затворени со бодликави жици.
Во Брисел се затворени за сообраќај и неколку метро станици и еден тунел.