Dildar Baykan
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
БРАЗИЛ (АА) - Во Бразил уапсен е Луис Карлос да Роча, водач на нарко-банда познат со прекарот „Бела глава“, по кого полицијата трага веќе 30 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на федералната полиција, Да Роча направил естетска операција и веќе 30 години е во бегство од полиција, а осуден е на затворска казан од над 50 години.
Се наведува и дека Да Роча, кој е познат со прекарот „Бела глава“, е фатен во населбата Сорисо во бразилската држава Мато Гросо, а опишан е како „криминалец кој претпазливо живее во сенка“.
Според соопштеното, Луис Карлод Да Роча во овој град живеел под името Витор Луиз де Мораес.
Оваа нарко-банда предводена од страна на Роча, позната под називот „Operation Spectrum“, произведува кокаин во Боливија, Перу и Колумбија, кој потоа го испраќаат во Европа и Соединетите Американски Држави (САД).
Да Роча се товари дека е главен снабдувач со наркотици на криминалните групи во сојузните бразилски држави Сао Паоло и Рио де Жанеиро.