Sayed Khodaberdi Sadat
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Во провиницијата Перван, во Авганистан, извршен е бомбашки напад врз медреса. Во нападот животот го загубија 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на Перван, Мухамед Заман Мамузај, за АА изјави дека цел на бомбашкиот напад била медресата во градот Чарикар.
Мамузај изјави дека бомбата била поставена под местото каде што седел претседателот на Советот на научници на Перван, Абдул Рахим Хенефи, и додаде дека бомбата експлодирала додека Хенефи им држел час на своите ученици.
Тој соопшти дека во експлозијата загинал Хенефи и седуммина ученици, а ранети се шестмина ученици.
Мамузај за нападот ја обвини талибанската организација.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.