Mahmoud Barakat
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Терористичката организација ДЕАШ егзекутираше 40 затвореници во ирачката покраина Киркук, изјави ирачки полициски службеник денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие се егзекутирани под обвинение дека го напуштиле бојното поле за време на борбата против безбедносните сили“, изјави полицискиот капетан Хамид aл-Обејди за AА.
Ирачкиот офицер изјави дека терористичката група ДЕАШ стравувајќи од бунтови, се обидува да ги испразни затворите во подрачјето Хавиџа во западната покраина Киркук.
ДЕАШ сѐ уште контролира голема област во јужнозападната покраина Куркук од каде што организира напади против безбедносните сили во покраините Киркук и Дијала.
Ирачките сили, поддржани од воените авиони на коалицијата предводена од САД, моментално спроведуваат голема офанзива за расчистување на терористите од Мосул.