Ömer Koparan
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АФРИН
Во северниот дел на Сирија, во подрачјето на Африн експлодираше бомба поставена во мотоцикл. Во нападот животот го загубија две лица, а девет се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Африн, во северниот дел на Сирија експлодираше бомба поставена во мотоцикл.
Експлозијата се случила на влезот од индустриската зона и според првичните проценки, во експлозијата загинале две лица, а девет се ранети.
Од експлозијата оштетување претрпеа голем број дуќани што се наоѓале во околината, а пожарот кој избувна по експлозијата, го згаснаа екипите на Цивилната заштита.
Припадниците на безбедносните единици што пристигнаа на местото на несреќата презедоа превентивни мерки во околината, а ранетите се префрлени во локалните болници.
Безбедносните единици сметаат дека нападот е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Утрово во Африн беше запленето возило исполнето со експлозив, додека во подрачјето на Азаз, во селото Нијара експлодираше бомба поставена во возилото на Слободната сириска војска, при што едно лице е потешко рането.
Безбедносните сили сметаат дека и зад овие напади стои ЈПГ/ПКК.