Orhan Topal
08 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
МЕКА (АА) - Ќаба, која се наоѓа во саудискиот град Мека, ден пред празникот Курбан бајрам ќе ја добие својата нова покривка изработена од околу 700 килограми чиста свила и 120 килограми злато и сребро од страна на 200 работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Покривката на Ќаба која се состои од четири дела, изработена е машински, како и рачно, а при изработката користени се конци од злато и сребро. На неа со овие конци се пишуваат различни молитви и стихови од Куранот. Оваа покривка има должина од 47 метри, и површина од 657 метри квадратни.
Во процесот на изработка покривката поминува низ различни фази, додека нејзината изработка се комплетира во времетраење од 8 до 11 месеци.
Свилата која е со бела боја, е донесена од Италија, во фабриката се мие, а потоа добива црна боја.

Конците во црна боја се поставуваат на ролни и се носат во делот за плетење, со цел да се претворат во ткаенина.
По завршувањето на процесот на плетење, во делот каде што треба да се пишуваат стихови од Куранот, со машини се цртаат дизајни, со што завршува машинскиот процес, по што се преминува во фаза на рачна изработка.
Во овој процес, на покривката на Ќаба, стиховите на Куранот се врежуваат рачно.
По подготвувањето на покривката, ден пред празникот Бајрам, таа се носи во Ќаба, додека аџиите се на Арафат.
Старата покривка се вади, се пере со земзем вода, се дели на парчиња, кои се праќаат во исламските земји и музеи со цел да бидат изложени, а им се подаруваат и на некои претседатели на различни земји.
Се вели дека изработката на покривката на Ќаба чини 24 милиони саудиски ријали (околу 5,7 милиони евра).