Levent Tok,Selen Temizer
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АНКАРА
Режимот на Башар ал Асад реагираше на плановите на САД за зголемување на заедничките сили во Сирија за 10.000 борци, тврдејќи дека со таа одлука администрацијата на Вашингтон сака да го оправда своето присуство во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена во новинската агенција на режимот Асад, САНА, се реагира на извештајот за операцијата „Природна одлучност“ на коалицијата против ДЕАШ, за периодот од април до 30 јуни.
„САД, за да го оправдаат своето воено присуство во Сирија, почнаа да шират пропаганда дека тероризмот на ДЕАШ повторно оживува“, пишува во веста.
Во информацијата се тврди дека целта е повторно оживување на ДЕАШ, истакнувајќи дека американските сили никогаш не влегле во војна со ДЕАШ. Во веста, исто така се вели дека САД директно интервенирале за да се запре напредокот на војската на режимот против таа организација.
Во информацијата се вели дека САД извештајот го објавиле неколку часа откако пратиле конвој и воени возила во Камишли „за поддршка на милитантите на СДГ, кои под блокада ги држат цивилите и крадат нафта“ во источниот дел на Сирија.
Во извештајот се открива дека Соединетите Американски Држави со цел да го спречат заживување на ДЕАШ планираат да го зголемат бројот на борци со кои соработуваат, од 100.000 на 110.000, вклучувајќи ги тука и припадниците на ЈПГ/ПКК.
- Разговорите меѓу Турција и САД
Режимот, исто така, во веста објавена во новинската агенција на режимот на Асад, САНА, базирајќи се на извори од Министерството за иселеници реагираше и на преговорите меѓу Турција и САД за безбедната зона.
Во информацијата се вели дека договорот постигнат меѓу двете земји е отфрлен на дефинитивен и апсолутен начин.
Министерството за одбрана на Турција вчера соопшти дека со САД се согласиле дека безбедносната зона треба да биде мировен коридор и дека треба да се преземат сите дополнителни мерки за да се обезбеди Сиријците да се вратат во својата земја.
Околу 3.600.000 Сиријци кои избегаа од граѓанската војна засолниште најдоа во Турција. Башар ал Асад и неговите поддржувачи продолжуваат со напади врз цивилите. Терористичката организација ЈПГ/ПКК, окупирајќи околу две третини од сириско-турската граница, ги попречува цивилите да се враќаат назад.