Првите снежни врнежи во сезоната ја покрија американската престолнина
Жителите се разбудија со првите врнежи од снег во годината, кој брзо ги покри улиците, тротоарите и возилата додека температурите се движеа близу нулата
СКОПЈЕ (АА) - Снежните врнежи што започнаа во раните утрински часови ги донесоа првите зимски услови во американската престолнина Вашингтон, јавува Анадолу.
Жителите се разбудија со првите врнежи од снег во годината, кој брзо ги покри улиците, тротоарите и возилата додека температурите се движеа близу нулата.
Наплив на арктички студен бран го зафати поголемиот дел од централните и источните делови на САД во текот на вчерашниот ден со температури под нулата, далеку под нормалните за овој период од годината, поставувајќи рекорди од Ајова и Мичиген до Њујорк.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
