Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
КАБУЛ (АА) - Во јужниот дел на Авганистан во провинцијата Хелманд извршен е бомбашки напад во кој животот го загубија 7 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Омер Зувак, портпаролот на Гувернерството Хелманд, информираше дека во градот Лашкаргах експлодирала бомба поставена покрај патот во моментот кога покрај неа минувало возило со кое биле превезувани цивили.
Зувак соопшти дека од експлозијата животот го загубиле 7 цивили.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.