Murat Temizer
17 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
МОСКАВА
Белорусија го прекина дотокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ за Полска поради негово одржување, потврди денеска Игор Демин, советник на челникот на „Транснефт“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демин ги информира новинарите дека непланираните технички работи ќе бидат спроведени на белорускиот дел од нафтоводот „Дружба“, за чие завршување ќе бидат потребни три дена, и дека ќе има ограничувања во испораката на нафта.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко на 11 ноември изјави ќе ја запрат испораката на природен гас за Европа преку Белорусија поради тензиите со Западот.