Ekipa
17 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да покажат воздржаност и да продолжат со преговорите и во услови на обновените судири на границата меѓу овие две земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Европската Унија е длабоко загрижена поради неодамнешното насилство долж границата меѓу Ерменија и Азербејџан, што, за жал, доведе до загуба на животи“, рече во изјавата Петер Стано, портпарол на дипломатската служба на Блокот.
„Блокот ги повикува двете страни да покажат најголема воздржаност, да ги ослободат своите воени сили на теренот“, се вели во соопштението, во кое се повикуваат Ерменија и Азербејџан да го почитуваат прекинот на огнот и да се вратат на преговорите.
Шарлс Мишел, претседателот на Европскиот совет кој претседава со Самитот на лидерите на ЕУ, ја повтори својата порака до азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашијан, во одделни телефонски разговори со нив.
Од азербејџанското Министерство за одбрана е соопштено дека најмалку седум азербејџански војници се убиени за време на борбените операции на ерменската граница. Баку ги обвинува ерменските сили за вршење на провокации од големи размери против нивните армиски контролни пунктови во пограничните региони Калбајар и Лачин. Како одговор на тоа, Азербејџанската армија започна итна операција.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера дискутираше со ерменскиот премиер Никол Пашијан за пограничните тензии.
Односите меѓу поранешните советски републики се тензични од 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, територија признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Кога на 27 септември избувнаа нови судири, Ерменската армија започна со напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарен прекин на огнот.
За време на судирите, Азербејџан ослободи неколку града и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.