Ata Ufuk Şeker
11 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
БРИСЕЛ (АА) - Стотици полицајци во белгискиот главен град Брисел излегоа на протести со барање за зголемување на платите и подобрување на условите за пензионирање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 300 полицајци со повик на синдикатите во Белгија се собраа пред Федералниот полициски центар во Брисел.
Полицајците ги облекоа сините, зелените и црвените елеци на синдикатите и ја затворија за сообраќај улицата пред Полицискиот центар.
На протестите учествуваа и бројни полицајци во цивилна облека, како и полицајци со мотоцикли.
Полицајците запалија факели во околината и од Федералната влада побараа зголемување на платите и подобрување на условите за пензионирање.
Полицајците во Белгија често одржуваат протести поради платите и правата за пензионирање.