свет

Белата куќа ја прекинува претплатата на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“

„Вашингтон пост, а особено Њујорк тајмс неверојатно лошо ме третираат“, изјави Трамп

Servet Günerigök  | 23.10.2019 - Обновена : 24.10.2019
Белата куќа ја прекинува претплатата на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“

ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа најави прекин на претплатата на американските весници „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролката на Кабинетот на американскиот претседател, Стефани Гришам, за порталот „Хил“ (The Hill) потврди дека Белата куќа нема намера да ја обнови претплатата.

Ден претходно американскиот претседател, Доналд Трамп, за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека веќе во Белата куќа не сака да ги види весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.

Трамп во повеќе наврати јавно ги критикуваше овие американски медиумски куќи, а особено „Њујорк тајмс“.

Во февруари Трамп изјави дека „Њујорк тајмс“ шири лажни вести и ја обвини таа куќа дека е вистински непријател на народот.

„Вашингтон пост, а особено Њујорк тајмс неверојатно лошо ме третираат“, изјави Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.