свет

Американските трупи кои се повлекуваат од Сирија не остануваат во Ирак

„Нашите сили кои се повлекоа од Сирија и дојдоа во Ирак, оттука ќе се повлечат во наредните четири недели“, изјави Еспер

Haydar Karaalp  | 23.10.2019 - Обновена : 24.10.2019
Американските трупи кои се повлекуваат од Сирија не остануваат во Ирак

БАГДАД (АА) - Министерот за одбрана на САД, Марк Еспер, појасни дека американските војници кои по повлекувањето од Сирија дошле во Ирак, ќе ја напуштат земјата во наредните четири недели, јавува Anadolu Agency (AA).

Ирачките медиуми пренесуваат дека Еспер за време на ненадејната посета на Багдад го коментирал статусот на американските војници кои преку Ирак се повлекуваат од Сирија.

„Нашите сили кои се повлекоа од Сирија и дојдоа во Ирак, оттука ќе се повлечат во наредните четири недели“, изјави Еспер.

Најах ал Шамари, министерот за одбрана на Ирак, изјави дека во Ирак се наоѓаат 150 американски војници кои се повлекле од Сирија.

Ал Шамари изјави дека во наредните четири недели овие војници ќе се повлечат од Ирак и ќе заминат во базите во Катар или во Кувајт.

Еспер по средбата со ирачкиот колега би требало да се состане и со претседателот на Ирак, Бархам Салих и со премиерот Адил Абдул-Махди.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın