свет, Операција Извор на мирот

Руската војска влезе во Ајн ал Араб

Руското министерство за одбрана: „Руски воен полициски конвој влезе во Ајн ал Араб (Кобани), кој се наоѓа во близина на сириско-турската граница“

Emre Gürkan Abay  | 23.10.2019 - Обновена : 24.10.2019
Руската војска влезе во Ајн ал Араб

МОСКВА (АА) - Руското министерство за одбрана соопшти дека руски воен полициски конвој влезе во Ајн ал Араб (Кобани), кој се наоѓа во близина на сириско-турската граница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Министерството за одбрана на Русија, дадени се информации за најновите случувања во согласност со договорот постигнат меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 22 октомври.

Во соопштението се истакнува дека рускиот воен полициски конвој започнал да се движи кон североисточниот дел на Сирија.

„Рускиот воен полициски конвој ќе патролира во соседните области од операцијата „Извор на мирот“ и ќе помогне во повлекувањето на курдските сили“, се нагласува во соопштението.

„Според Договорот постигнат во Сочи, исто така и во источниот дел на Еуфрат се преземаат чекори“, се истакнува во соопштението, и се додава: „Руски воен полициски конвој влезе во Ајн ал Араб (Кобани), кој се наоѓа во близина на сириско-турската граница. Руските власти се состанаа со претставниците на локалната самоуправа за да разговараат за прашањата поврзани со нивните задачи кои треба да бидат завршени.“

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска, на гостувањето на уредничкиот деск на Anadolu Agency (AA), рече: „Вклучително и од Ајн ал Араб (Кобани), терористите на ЈПГ, од страна на руските сили и режимот ќе бидат испратени на далечина од 30 километри, а исто така областите ќе бидат исчистени и од нивното оружје.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın