Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека е постигнат голем успех на границата меѓу Турција и Сирија и дека е формирана безбедносна зона, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Голем успех на турско-сириската граница. Формирана е безбедносна зона. Прекинот на огнот се одржува, и борбените мисии завршија“, напиша Трамп на Твитер.
„Курдите се безбедни и работеа одлично со нас. Фатените затвореници на ДЕАШ се безбедни“, истакна Трамп, додавајќи дека во 11 часот според локално време ќе даде изјава во Белата куќа.