Ali Kemal Akan
15 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Туркије има значајна улога во процесот на пристапување на Шведска во НАТО, известува Агенција Анадолија (АА).
Бајден и Ердоган се состанаа денес во рамките на Самитот на лидерите на Г-20, што се одржува на островот Бали.
Бајден за време на средбата со Ердоган изрази сочувство за жртвите од терористичкиот напад на улицата Истиклал во Истанбул, во кој во неделата загинаа шест лица.
Бајден во разговорот со Ердоган ја истакна важноста на улогата на Туркије во процесот на пристапување на Шведска во НАТО.
Тој рече дека Вашингтон ќе продолжи да го поддржува процесот за продажба на авионите Ф-16 на Туркије.
Претседателот на САД, исто така, му се заблагодари на Ердоган за неговите напори за повторно воспоставување на украинскиот коридор за транспорт на жито.