Dildar Baykan Atalay
12 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
ВАШИНГТОН/ШАРМ ЕЛ ШЕИК (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, се извини поради тоа што САД за време на мандатот на неговиот претходник, Доналд Трамп, го напуштија Парискиот договор за климатски промени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бајден, за време на своето обраќање на 27. Конференција на Обединетите нации за клима (КОП27), што се одржува во Шарм ел Шеик, Египет, рече дека климатската криза е поврзана со човештвото, економијата, животната средина и националната безбедност. Потсети и на повлекувањето од договорот на неговиот претходник Трамп.
„Штом дојдов на функцијата се вративме на договорот. Одржавме големи самити за климата. Жалам што тогаш се повлековме од овој договор“, рече Бајден.
Додаде дека прават сè што можат за САД до 2030 година да ги остварат своите цели кога станува збор за емисија на јаглеводороди.
Бајден наведе дека руско-украинската војна ја покажала потребата од што поскоро прекинување на зависноста од фосилните горива.
Најави и 150 милиони долари помош за африканските земји во борбата против климатските промени.
Кога Бајден го привршуваше своето обраќање, група активисти почнаа со протести против фосилните горива.
По интервенцијата, Бајден накратко го прекина обраќањето, а демонстрантите беа оддалечени.