Ceyhun Alizade
11 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Украинската војска влезе во јужниот град Херсон по руското повлекување од подрачјето, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи се прикажани првите украински војници кои стигнаа до главниот плоштад во Херсон.
Регионот беше заземен од руските сили на почетокот на војната, која трае речиси девет месеци.
На снимките се гледа како украинските војници го поставуваат украинското знаме на Полициската управа во Херсон.
Знамиња се поставени и на главниот плоштад пред владината зграда каде што жителите ги поздравија украинските војници.
„Денеска е значаен ден! Русите го напуштија десниот брег на Днепар. Тоа е огромна победа на Украинската армија и на украинскиот народ! Благодарност до сите наши сојузници и пријатели! Нашите победи не би биле можни без вашата поддршка!“, порача преку Телеграм Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина.
„Повлекувањето на руската војска од Херсон на источниот брег на реката Днепар во Украина е завршено утринава“, соопшти руското Министерство за одбрана.