свет

Бајден и Путин на историска средба во Женева

По состанокот, американскиот и рускиот претседател ќе одржат самостојни прес-конференции

Bayram Altuğ, Dmitri Chirciu  | 16.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Бајден и Путин на историска средба во Женева

ЖЕНЕВА (АА) - Во Женева, Швајцарија, започна средбата помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Денеска започна Самитот меѓу САД и Русија, 36 години по историскиот Самит меѓу тогашниот американски претседател Роналд Реган и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, кој се одржа во Женева во ноември 1985 година.

Путин и Бајден пристигнаа во вилата „Ла Гранж“ на брегот на Женевското Езеро каде што се одржува Самитот.

Рускиот претседател Владимир Путин во кратката изјава пред Самитот, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Џо Бајден за неговиот обид да се сретне со него, рече: „Имавте долг пат, работевте напорно. Но, многу проблеми се насобраа во руско-американските односи, кои треба да се решат на највисоко ниво. Се надевам дека нашата средба ќе биде конструктивна.“

Се очекува Самитот да трае четири часа. По состанокот Путин и Бајден ќе одржат самостојни прес-конференции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın