свет

Иранскиот претседател Рохани: „Во завршна сме фаза на санкциите“

Во обраќањето по состанокот на Владата во главниот град Техеран, иранскиот претседател говореше за тековните преговори за Договорот за нуклеарната програма и санкциите во Виена

Muhammet Kurşun  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Иранскиот претседател Рохани: „Во завршна сме фаза на санкциите“

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека санкциите кои Соединетите Американски Држави (САД) ги наметнале на Иран се во завршна фаза и дека се надева дека ќе бидат укинати за време на неговиот мандат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во обраќањето по состанокот на Владата во главниот град Техеран, Рохани говореше за тековните преговори за Договорот за нуклеарната програма и санкциите во Виена, главниот град на Австрија.

„Во завршна сме фаза на санкциите. Знам колку овој збор е неефикасен. Мораме да дојдеме до точка на укинување на санкциите. Се надеваме дека тие ќе бидат укинати до крајот на оваа влада“, изјави тој.

Договорот за нуклеарната програма, чиј официјален назив гласи „Заеднички сеопфатен акционен план“ (JCPOA), го потпишаа во 2015 година Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и ЕУ.

Според овој договор, на Техеран му е дозволено да го збогати ураниумот до најмногу 3,67 отсто, а светските сили за возврат се согласија да се откажат од економските санкции против Иран.

Меѓутоа, САД за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп еднострано се повлекоа од Договорот во 2018 година и повторно воведоа санкции на Иран, што го натера Техеран да престане да го почитува Договорот.

Иран во јануари го објави новиот план за понатамошно зголемување на збогатувањето на ураниумот како противмерка на санкциите што ги воведе администрацијата на Трамп.

И покрај одлуката на САД за повлекување, Германија, Франција и Велика Британија во повеќе наврати изразија посветеност кон Договорот за нуклеарната програма и го повикаа Техеран во потполност да го почитува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın