свет

Индонезија привремено ги затвори местата за богослужба во „црвените зони“

Министерот за верски прашања, Јакут Чолил Кумас објави дека се ограничуваат верските активности во местата за богослужба во областите со голем број случаи на Ковид-19.

Adelline Tri Putri Marcelline  | 16.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Индонезија привремено ги затвори местата за богослужба во „црвените зони“ Фото: Архива / АА

ЏАКАРТА 

Индонезија ги ограничи религиозните активности во местата за богослужба во црвените зони сѐ додека не биде прогласено дека е безбедна од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за верски прашања, Јакут Чолил Кумас објави дека се ограничуваат верските активности во местата за богослужба во областите со голем број случаи на Ковид-19.

„Издадов циркулар, како водич за напорите да се спречи, контролира и разбие ланецот на ширењето на коронавирусот во местата за богослужба“, рече тој.

Социјално-религиозните и општествените активности, вклучително и јавните рецитации, собири и свадби во повеќефункционални сали или места за богослужба во црвената и портокаловата зона, исто така, се суспендирани.

„Заразувањето со Ковид-19 во четвртата најнаселена земја се зголемува во текот на последните неколку недели, при што варијантата Делта е доминантна во Џакарта и другите делови на Џава“, изјави министерот за здравство, Ѓунади Садикин.

Во Индонезија досега се регистрирани 1,92 милиони случаи на заразување со Ковид-19 и 53.280 смртни случаи како последица на вирусот.

Администрирани се 32 милиони дози на вакцината против Ковид-19, додека 11,6 милиони лица се вакцинирани со двете дози, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Our World in Data“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın