свет

Израелските сили застрелаа Палестинка во Кудс

Палестинските групи за човекови права ги обвинуваат израелските сили за намерно застрелување на Палестинци, без да претставуваат закана за нивниот живот

Ekipa  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Израелските сили застрелаа Палестинка во Кудс Фото: İssam Rimawi/AA

КУДС (АА) - Израелските сили денеска застрелаа Палестинка поради наводен обид да изврши напад со автомобил североисточно од Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Армијата се вели дека жената се обидела да влета со својот автомобил кон одреден број израелски војници пред да излезе од возилото со нож во близина на градот Хизме, североисточно од Кудс.

Според соопштението, жената била неутрализирана, но армиското радио подоцна потврди дека жената била застрелана од страна на израелските сили.

Армијата додаде дека еден војник е полесно повреден.

Засега нема изјава од палестинските власти во врска со настанот.

Десетици Палестинци се застрелани од израелските сили во последните месеци за наводни обиди за извршување напади со нож или напади со автомобил. Во меѓувреме, палестинските групи за човекови права ги обвинија израелските сили за намерно застрелување на Палестинци, без да претставуваат закана за нивниот живот.

Денешното застрелување се случи во услови на зголемени тензии во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), по вчерашниот провокациски марш организиран од десничарските Израелци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.