свет

Земјотрес од 5,8 степени ја потресе Индонезија, предупредување за можно цунами

Индонезиските власти ги повикаа луѓето да ги напуштат плажите, предупредувајќи ги да бидат подготвени од можноста за појава на цунами

Şeyma Uzundere  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Земјотрес од 5,8 степени ја потресе Индонезија, предупредување за можно цунами

АНКАРА - Земјотрес со интензитет од 5,8 степени ја потресе Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Американскиот Центар за геолошки истражувања објави дека земјотрес со интензитет од 5,8 степени се случил на 70 километри од градот Амахаи на островот Серам, во индонезиската покраина Малуку.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10,6 километри.

Индонезиските власти ги повикаа луѓето да ги напуштат плажите во покраините Џапутих и Апиаху, предупредувајќи ги да бидат подготвени од можноста за појава на цунами.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, во кој земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın