свет

Ким Јонг Ун предупреди на можен голем недостиг на храна во Северна Кореја

Лидерот на Северна Кореја истакна дека економијата претрпела тешки удари предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и од поплавите што ја погодија Северна Кореја минатата година

Şeyma Uzundere  | 16.06.2021 - Обновена : 17.06.2021
Ким Јонг Ун предупреди на можен голем недостиг на храна во Северна Кореја

СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека економската состојба во земјата е загрижувачка, но дека властите нужно ќе ги продолжат рестрикциите воведени во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Северна Кореја вчера заседаваше во Пјонгјанг, а на учесниците им се обрати и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун кој рече дека актуелната криза на меѓународен план може да се реши исклучиво преку соработка.

Повикувајќи ја меѓународната заедница на дијалог, Ким експлицитно не ги спомена Соединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА (KCNA) јавува дека Ким истакнал дека економијата претрпела тешки удари предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и од поплавите што ја погодија Северна Кореја минатата година.

Ким предупреди на можен голем недостиг на храна во Северна Кореја и нареди интензивирање на земјоделското производство во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.