Dildar Baykan Atalay
08 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Европа за да присуствува на Самитот на лидерите на Г7 во Германија и на Самитот на НАТО во Шпанија на 25 и 28 јуни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во писмена изјава истакна: „Бајден ќе отпатува во Шлос Елмау во јужна Германија на 25 јуни за да присуствува на Самитот на лидерите на Г7.“
Наведувајќи дека на Самитот ќе се разговара за поддршката на Г7 за Украина, како и за економската и демократската отпорност, климатските промени, развојот и за глобалната здравствена безбедност, Жан-Пјер нагласи дека кризата со храна и енергија која се појави поради Руско-украинската војна, ќе биде меѓу важните теми на Самитот.
„На 28 јуни Бајден ќе отпатува во шпанската престолнина Мадрид за да присуствува на Самитот на НАТО во 2022 година“, додаде портпаролката Жан-Пјер.