Gülşen Topçu
11 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
БАГДГАД (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 21 е рането во неколку бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеник на ирачката телевизија, Салим Ен-Нуман, за АА изјави дека во експлозија во квартот Ес-Сејидије, во Багдад, загинал вработен во една сунитска фондација, во моментот кога била активирана експлозивна направа во неговиот автомобил.
Останатите пет лица загинале во багдадските квартови Искан, Ес-Сулејх и Ед-Дура, а во тие напади се ранети 21 лице.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за овие напади.