Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
ИДЛИБ (АА) - Продолжуваат копнените и воздушните напади на Асадовиот режим во Сирија и странските групи кои се негови поддржувачи, врз цивилните населени места, во рамките на границите на зоната на деескалација во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои ги доби новинарот на АА во Идлиб, трупите на Асадовиот режим и странските групи кои се негови поддржувачи, вчера во ноќните часови извршија напад со ракетен фрлач и фосфорна бомба врз подрачјето на Бидама, и селата Шигир и Наџије во Идлиб.
Силите на режимот, исто така извршија артилериски напад во подрачјето на Латамне и селата Марекбе и Арбаин во Хама, како и во селото Кефр Хамра, кое се наоѓа во северното рурално подрачје на Алепо.
„Загина еден цивил, додека најмалку осум се повредени во нападите извршени синоќа врз цивилните населени места“, истакна во изјава за АА, Хусам Залито, директор на Цивилната одбрана во Бидама.