Adham Kako
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР), соопшти дека во извршените, вкупно 186 масакри во последните 6 месеци во оваа година, чиј поголем дел се извршени од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи, загинаа 2.257 цивили, од кои околу половина се жени и деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен од страна на СНХР, во врска со нападите опишани како масакри во кои загинале најмалку 5 лица, се наведува дека во периодот од јануари до јуни оваа година, во 186 масакри извршени од страна на Асадовиот режим, Русија, терористичката организација ЈПГ/ПКК, силите на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, како и од другите сили, животот го загубиле 2.257 цивили, од кои 660 деца и 479 жени.
Според овој извештај, 122 од вкупните 186 масакри биле извршени од страна на силите на сирискиот режим, 24 од страна на Русија, 3 од страна на ЈПГ/ПКК, 15 од страна на коалициските сили, и 22 масакри биле извршени од страна на другите сили.
Во извештајот се вели дека 1.502 цивили биле убиени од страна на силите на режимот, 291 од страна на Русите, 28 од страна на ЈПГ/ПКК, 199 од страна на силите на меѓународната коалиција, а 237 цивили, од нападите на другите сили.
Во извештајот се упатува апел за заштита на цивилите, и се бара осудување на одговорните лица.