Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
26 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
ИДЛИБ (АА) - АХМЕТ КАРААХМЕТ / МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ -
Асадовиот режим и неговите поддржувачи најмалку 800 пати го прекршиле примирјето во Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, и убиле 66 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Канцеларијата за координација на итни интервенции во Сирија, Мухамед Халаж, во изјавата за АА истакна дека Асадовиот режим, Русија, како и терористичките групи поддржани од Иран, во последните 45 дена извршиле над 800 прекршувања на примирјето во Идлиб и дека извршиле напади врз цивилните населени места, како и линиите на фронтот на воената опозиција.
„Во нападите што силите на режимот и Русија ги извршија во 1,5 месец загинаа 66 цивили, од кои 29 деца, 10 жени и 5 хуманитарни работници“, рече Халаж.
Тој нагласи дека силите на Асадовиот режим имале како цел различни локации, како центри за цивилна заштита и различни здравствени центри.
Според него, како резултат на овие напади 19 јавни згради се во неупотреблива состојба.
„Како резултат на интензивните напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи, раселени се најмалку 4.500 цивили. Во случај да продолжат нападите, уште 250.000 цивили ќе бидат принудени на миграција“, додаде Халаж.