Dildar Baykan
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Мјанмарската власт покрена процес на враќање на групата хиндуси во Аракан откако спас од новиот бран на насилства пронајдоа во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Араканските муслимани Рохинџи веќе со години се најзагрозено етничко малцинство во светот, а од 25 август се соочуваат со нов бран на насилства кои во Аракан ги спроведува мјанмарската војска и будистичките милитанти. Во Бангладеш се наоѓаат околу 450 аракански хиндуси и веќе се работи на нивното враќање во домовите додека сеуште не е сторено ништо кога се во прашање араканските муслимани.
Локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на министерот за социјална помош и повторно згрижување Вин Мјат Аја, наведуваат дека е планирано група од 450 хиндуси да се вратат во земјата до 22 јануари.
Тој истакна и дека направиле и камп на северниот дел на Аракан за оние кои ќе се вратат во земјата.
Владата на Бангладеш често повикуваше на муслиманите од Аракан да им се овозможи враќање во нивните домови. Во согласност со тоа, со владата на Мјанмар на 23 ноември беше потпишан договор.
Според споменатиот договор, оние кои сакаат да се вратат во Мјанмар мора да достават документ дека живееле во Мјанмар пред да избегаат во Бангладеш. Меѓутоа, во 1982 година на муслиманите од Аракан им беше одземено правото за државјанство, при што тие не се регистрирани во Мјанмар. Освен тоа, дури и документите кои ги предадоа муслиманите од Аракан треба да поминат низ одреден процес на одобрување.
Споменатиот договор привлече внимание кај активистите за човекови права кои сметаат дека мјанмарската војска настојува да ги избегне меѓународните заедници.
Араканските муслимани Рохинџи веќе со години се најзагрозено етничко малцинство во светот, а од 25. август се соочуваат со нов бран на насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Според податоците на Лекари без граници, од 25. август се убиени 6.700 муслимани. До сега во соседен Бангалдеш, односно во регионот Кокс Базар, побегнаа повеќе од 650.000 бегалци. Сметајќи ги и пребегнатите во претходниот период, во тој бангладешки регион моментално живеат повеќе од 860.000 аракански муслимани.