Davit Kachkachishvili
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
ТБИЛИСИ (АА) – Продолжуваат протестите кои започнаа пред 3 дена, како одговор за учеството на рускиот пратеник на 26. Православно меѓупартиско генерално собрание во главниот град Тбилиси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Протестите започнаа во Тбилиси на 20 јуни, како реакција на претседавањето со 26. Православно меѓупартиско генерално собрание на пратеникот Сергеј Гаврилов, член на Руската комунистичка партија и член на руската државна Дума.
Демонстрантите се собраа најпрвин пред зградата на Парламентот, потоа продолжија пред зградата на Владата.
Во протестот, кој траеше околу 5 часа, демонстрантите ги повторија своите барања министерот за внатрешни работи да поднесе оставка, бидејќи тој е одговорен за повредите на голем број демонстранти, тврдејќи дека полицијата употребила прекумерна сила за растурање на демонстрантите на 21 јуни пред зградата на Парламентот.
Во меѓувреме, демонстрантите побараа да бидат ослободени лицата што се приведени од полициските сили на протестите од пред 3 дена. Протестите ќе продолжат сè додека нивните барања не бидат исполнети.
Откако дознава дека протестите ќе продолжат и втор ден, претседателот на Парламентот, Иракли Кобахидзе, на 21 јуни ја објави својата оставка. Кобахидзе ги прекина официјалните средби во Азербејџан и итно се врати во земјата.
- Путин забрани руските авиокомпании да летаат во Грузија -
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша декрет кој привремено им забранува на руските авиокомпании да летаат во Грузија, веднаш по антируските протести во Грузија.
Според декретот потпишан од Путин, на руските авиокомпании привремено им е забрането да летаат во Грузија. Забраната важи од 8 јули.