Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА
Во Канада, патничка била заборавенa во авионот откако заспала за време на патувањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), Тифани Адамс заспала за време на летот од Квебек до Торонто, на 9 јуни. Кога се разбудила, забележала дека авионот се наоѓа на паркингот.
Тифани Адамс на својот профил на Фејсбук напиша дека се разбудила на полноќ, неколку часа откако авионот слетал, и дека тогаш забележала оти се наоѓа во една многу студена и мрачна просторија.
Адамс за помош ја побарала својата пријателка Деана Дејл, но повикот траел помалку од една минута, бидејќи не ѝ била полна батеријата. За да привлече внимание, таа во пилотската кабина на авионот наместила светилка.
Нејзината пријателка Дејл контактирала со управата на аеродромот „Торонто Пирсон“ и ги информирала за состојбата на нејзината пријателка. Потоа, Адамс била пронајдена од лице одговорно за багажот.
Авиокомпанијата „Ер Канада“, по настанот, на Адамс ѝ понудиле лимузина и хотелски сервис, но таа ја одбила понудата и побарала што е можно поскоро да се врати во својот дом.
Опишувајќи го искуството како „застрашувачко“, Адамс рече дека ноќе имала кошмари.
„Ер Канада“ најави истрага за инцидентот, којшто беше потврден од нивна страна.