Hakan Burak Altunöz
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
ТРАБЗОН (АА) - Повторно е оперативен аеродромот во Трабзон, град во северниот дел на Турција, чијашто работа беше запрена поради авионот кој вчера излета од пистата, јавува Anadolu Agency (AA).
Авион на компанијата „Pegasus“ (Пегасус) кој доаѓаше од Анкара, при слетување на аеродромот излета од пистата, а во утринските часови започнаа активностите на негово отстранување.
Куферите и другите предмети на патниците префрлени се со автобус, а акцијата за отстранување, поради безбедносни причини беше набљудувана од тимовите на Крајбрежната стража, бидејќи авионот сопрел на само неколку метри од морето.
Првиот лет од аеродромот, кој од безбедносни причини беше привремено затворен, беше на релацијата Трабзон - Истанбул.
Синоќа, гувернерот на Трабзон, Јуџел Јавуз, истакна дека одредени лица побарале медицинска помош, но дека не станува збор за голем број лица и дека кај нив не се забележани здравствени проблеми.