Orhan Onur Gemici
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Турција во последните 24 часа фатија 683 лица кои се обиделе илегално да ја преминат границата на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека во обид на илегален премин од Сирија во Турција биле фатени 577 лица. Уште четири лица се фатени во обид илегалнo да преминат од Турција во Сирија.
Регистрирани сѐ уште две лица кои од Иран се обиделе да влезат во Турција. Припадниците на безбедносните сили на Турција фатија уште 100 лица кои илегално се обиделе да преминат од Грција во Турција и од Турција во Грција.