свет

Анкета: Поголемиот дел од Германците сега имаат негативно мислење за Израел

Исходот од анкетата покажува остар пресврт во однос на 2022 година, кога само 23 % од испитаниците изразиле негативен став за Израел

Ekip, Ayhan Şimşek  | 20.06.2025 - Обновена : 20.06.2025
Анкета: Поголемиот дел од Германците сега имаат негативно мислење за Израел

БЕРЛИН (АА) - Јавното мислење во Германија драстично се промени против Израел, покажува новата анкета објавена денес, според која 57 % од Германците имаат негативно мислење за оваа држава поради нејзините воени дејствија во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Анкетата, спроведена од истражувачкиот институт „Аленсбах“ за весникот „Франкфуртер алгемајне“, претставува остар пресврт во однос на 2022 година, кога само 23 % од испитаниците изразиле негативен став за Израел.

Анкетата открива сѐ поголема загриженост кај Германците поради израелските воени напади. 65 % од испитаниците сметаат дека израелските дејствија во Газа се неприфатливи. Само 13 % ја поддржуваат воената кампања.

Во врска со прашањето дали Германија има посебна одговорност кон Израел поради нејзиното нацистичко минато, 28 % од испитаниците одговориле потврдно, додека 52 % го отфрлиле тој став.

Особено значајно е што 73 % од испитаниците се согласуваат дека има некоја вистина во тврдењето дека израелските дејствија во Газа претставуваат геноцид, додека само 9 % експлицитно го негираат тоа тврдење.

Овој пресврт во германското јавно мислење доаѓа во време кога Израел се соочува со сè поголема меѓународна критика поради својата воена кампања во Газа.

Според истата анкета, 37 % од Германците сега го сметаат Израел за сериозна закана по светскиот мир – значителен пораст во однос на јануари 2021 година, кога таков став имале само 11 %.

Анкетата на „Аленсбах“ е спроведена во периодот од 1 до 12 јуни 2025 година, пред израелскиот напад врз нуклеарните постројки и воени објекти во Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.