Амстердам домаќин на најголемиот поморски фестивал во светот кој привлекува милиони луѓе
Фестивалот, кој се одржува еднаш на секои пет години, првпат се организираше во 1975 година и денес претставува едно од најпрепознатливите културни и поморски случувања во Холандија

СКОПЈЕ (АА) – Главниот град на Холандија, Амстердам, беше домаќин на најголемиот светски поморски фестивал „SAIL Amsterdam 2025“, кој во пет дена собра околу 2,5 милиони посетители, јавува Анадолу.
На пристаништето во Амстердам се собраа илјадници историски и модерни бродови кои привлекоа бројни локални и странски посетители.
Настанот беше заокружен со традиционалната парада „SAIL-Out“, во која бродовите од сите големини ги напуштија градските води со впечатлив спектакл.
Организаторите соопштија дека и покрај огромната посетеност, настанот, кој вчера заврши, поминал без поголеми проблеми.
Фестивалот, кој се одржува еднаш на секои пет години, првпат се организираше во 1975 година и денес претставува едно од најпрепознатливите културни и поморски случувања во Холандија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.