Dildar Baykan Atalay
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, истакна дека американскиот претседател Џо Бајден сè уште нема програма за средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид, и дека може да има развој на настаните по ова прашање во рок од 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саливан даде изјави за американските медиуми во Германија, каде што се одржува Самитот на Г7.
Тој нагласи дека едно од најважните прашања на Самитот на НАТО, што ќе започне утре во Мадрид, главниот град на Шпанија, ќе биде приклучувањето на Финска и Шведска во Алијансата.
Саливан истакна дека ќе разговараат и за проблемите што Турција ги искажала во таа насока.
Во врска со можноста за евентуална билатерална средба меѓу претседателот Ердоган и Бајден, Саливан рече: „Во моментов нема одредена програма. Но, да видиме што ќе се случи во следните 24 часа, има одредени движења.“