12 Октомври 2023•Ажурирај: 12 Октомври 2023
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во посета на Израел, јавува Анадолу.
Блинкен на аеродромот беше дочекан од израелскиот министер за надворешни работи Ели Кохен. Ова е прво патување на високиот американски дипломат по почетокот на судирите во саботата.
Претходно оваа недела, Стејт департментот рече дека посетата „ќе биде порака за солидарност и поддршка“.
„Нашата порака во име на американскиот претседател Џо Бајден и американскиот народ е јасна и гласна. САД се со Израел. Ние сме со народот на Израел. Ние сме со нив денес и секогаш ќе бидеме“, рече Блинкен, говорејќи пред новинарите пред да замине од Соединетите Американски Држави.
Тој ја повтори својата порака за поддршка на Израел. Критикувајќи ги акциите на Хамас против Израелците, Блинкен рече дека таков неморал од ДЕАШ сѐ уште не бил забележан.
Блинкен, кој е во Израел за да се состане со премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог, рече дека САД ќе направат сѐ што е потребно за да му дозволат на Израел да се одбрани.
Блинкен изјави дека 22 американски државјани досега ги загубиле животите во палестинско-израелскиот конфликт и додаде дека е загрижен оти овие бројки може да се зголемат.