Saadet Firdevs Aparı
07 Март 2024•Ажурирај: 08 Март 2024
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот актер, режисер, продуцент и сценарист Марк Рафало повика итно да се преземат сите можни напори за конечно запирање на војната во Газа, пренесува Анадолу.
Рафало се огласи на својот профил на социјалните мрежи и предупреди на големата човечка трагедија што се случува во Појасот Газа.
„Со едно срце зборуваме за сите невини деца чии животи се уништени во Газа: не во наше име. Сите убивања мора веднаш да престанат“, рече тој.
Актерот сподели видеопорака со наслов „Не во наше име“.
„Во моментов едно од две деца помали од шест години во Газа е неисхрането и изложено на опасност од глад. Придружете му се на светот и повикајте на итен прекин на огнот во Палестина. Нашата човечност зависи од тоа. Можен е поинаков свет и ние ветуваме дека ќе го изградиме“, истакна тој.
Американскиот актер порача дека мора да се запре убивањето на невини деца.
„Сметам дека наша одговорност е да им се спротивставиме на неправдите што нашите влади ги прават во наше име. Нема да водите бескрајна војна во наше име. Веќе е доста убивање. Нема да бомбардирате цивили и нема да убивате деца во наше име“, рече Рафало.