свет

Американската астронаутка Кејт Рубинс на претседателските избори во САД ќе гласа од вселената

„Ако можеме тоа да го направиме од вселената, луѓето секако ќе можат да гласаат полесно на Земјата“

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 26.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Американската астронаутка Кејт Рубинс на претседателските избори во САД ќе гласа од вселената

АТАЛАНТА (АА) - Американската астронаутка, Кејт Рубинс, на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), што ќе се одржат во ноември, ќе гласа од вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Рубинс, која се подготвува во средината на октомври заедно со други двајца космонаути да замине во Меѓународната вселенска станица (UUİ) на 6 месеци, за агенцијата „Асошиејтед прес“ укажа на важноста од гласањето на претседателските избори во САД, закажани за 3 ноември.

„Ако можеме тоа да го направиме од вселената, луѓето секако ќе можат да гласаат полесно на Земјата“, порача Рубинс.

„Учеството е исклучително важно за нашата демократија. Сметаме дека е чест да може да се гласа од вселената“, додаде астронаутката.

Американската сојузна држава Тексас, каде што живеат многу американски астронаути, дозволува електронско гласање од вселената.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.