Muhammet Kurşun
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 25.394, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 172 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 25.394.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 3.204 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 443.086.
Според Лари, 4.041 заразено лице се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 372.051 лице.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.905.352 тестирања за Ковид-19.