Сирени се огласија низ централен Израел по детектирањето ирански ракети
Дополнителни предупредувања се активирани во јужните региони, вклучително и во Негев, областа на Мртвото Море, Јудеја, Лахиш и населбите близу Појасот Газа
ИСТАНБУЛ (АА) - Сирените за воздушен напад се огласија денес низ централен Израел, откако биле детектирани ракети кои доаѓаат од Иран, се вели во јавувањата на израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Израелскиот дневен весник „Једиот ахронот“ објави дека сирените кои предупредуваат за проектили и ракетни напади биле активирани во централните подрачја како Гуш Дан, Шарон, Низините и Самарија.
Дополнителни предупредувања се активирани во јужните региони, вклучително и во Негев, областа на Мртвото Море, Јудеја, Лахиш и населбите близу Појасот Газа.
Се наведува дека биле детектирани лансирања од Иран насочени кон Јудеја и подрачјето на Мртвото Море.
Еден дел од ракета што се движела кон централен Израел не бил пресретнат, додека друг проектил паднал на отворена површина, според весникот.
Израелската служба за итна помош „Маген Давид Адом” соопшти дека две лица се полесно повредени „во несреќа” во Рамат Ган додека одекнувале сирените.
САД и Израел извршија воздушна офанзива врз Иран, во која засега се убиени над 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер, Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
