AP
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
ТОКИО (АА) - Авион со 11 луѓе, членови на екипажот и патници, падна во Тихиот Океан на пат кон носачот на авиони „УСС Роналд Реаган“, соопшти американската морнарица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седмата флота на американската морнарица со седиште во Јапонија соопшти дека е започната акцијата за пребарување и спасување.
Како што е најавено, бродот пловел кон Филипинското Море, источно од Филипините, кога паднал во 14.45 часот по јапонско време.
Имињата на членовите на екипажот и патниците во авионот не се објавени, бидејќи се чека потврда од членовите на семејствaтa.
Причината за несреќата сѐ уште е непозната.