Esin Işık
06 Април 2024•Ажурирај: 08 Април 2024
АНКАРА (АА) - Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, ја честиташе годишнината од основањето на Агенција Анадолу, порачувајќи дека Анадолу станала неизбежна адреса за веродостојни информации.
Алтун упати порака по повод 104. годишнината од основањето и работата на Агенцијата Анадолу.
„Во денешниот комуникациски свет, каде информациската безбедност опаѓа со развојот на комуникациската технологија, се зголемува потребата за точни информации, Агенција Анадолу стана неизбежна адреса за веродостојни информации“, наведе Алтун.
Алтун нагласи дека Анадолу, која од Војната за независност до денес извршила многу историски должности, има една од најголемите и најефикасните новински мрежи во светот, со претставништва во 100 земји и канцеларии во 41 центар со повеќеод 1750 вработени.
Наведувајќи дека Анадолу во исто време е извор на вести и моќна алтернатива на меѓународните медиуми со своите публикации, вести, фотографии и визуелни содржини на 13 јазици, Алтун рече:
„Значењето на Анадолу подобро ќе го сфатиме кога ќе земеме во предвид како западните извори на вести го изобличуваат и превртуваат развојот на настани во нашиот регион. Анадолу вложи големи напори во привлекувањето на вниманието на меѓународната јавност за вистината на настаните што се случуваат на нашите простори, особено во Газа, а што светските медиуми не ги виделе или не сакаа да ги видат и прикажат.“
Истакнувајќи дека податоците, видеоснимките и фотографиите што ги собра Анадолу се силен доказ во меѓународните судења на Израел за нападите што претставуваат воено злосторство, Алтун рече дека тие докази, што Анадолу ги собра во својата книга „Докази, сведоци и обвинети“, се користени против Израел, кому му се суди за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.
„Затоа, Анадолу е важна компонента на нашата борба против дезинформацијата на национално, регионално и глобално ниво и е еден од најважните делови, нашето мото „Столетие на Туркије“ да стане „Столетие на комуникации“ под водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Верувам дека Анадолу ќе продолжи да биде доверлив извор на информации, одржувајќи ја својата точна, принципиелна и праведна линија на емитување, каква што беше и до денес. Во оваа прилика со благодарност се сеќаваме на Гази Мустафа Кемал Ататурк, како и основачите на Анадолу. Честитки до вработените и менаџерите на Агенција Анадолу кои работат посветено и им посакувам успех“, заклучи Алтун, шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије.