Ceyhun Alizade
11 Ноември 2022•Ажурирај: 12 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Околу 40 милиони Азербејџанци кои живеат надвор од земјата немаат пристап до образование на својот мајчин јазик, истакна денеска претседателот Илхам Алиев на Самитот на туркиските држави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на состанокот на лидерите на Организацијата на туркиските држави во Самарканд, Узбекистан, Алиев рече: „Туркискиот свет не се состои само од независни туркиски држави. Неговите географски граници се пошироки. Сметам дека треба, во рамките на организацијата, постојано да се имаат на ум прашања како што се заштитата на правата, безбедноста, националниот идентитет, како и асимилацијата на нашите сонародници кои живеат надвор од земјите членки на Организацијата на туркиски држави.“
Тој рече дека младата генерација во туркискиот свет „треба да има можност да учи на свој мајчин јазик во училиштата во земјите во кои живее“.
На Самитот на Организацијата учествуваат претседателите на Узбекистан, Туркије, Азербејџан, Казахстан и на Киргистан, унгарскиот премиер и претседателот на Горниот дом на Парламентот на Туркменистан.