İdris Okuducu
26 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АЛЖИР (АА) - Безбедносните сили на Алжир запленија 300 килограми кокаин во крајбрежниот град Скикда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извор од Министерството за одбрана на оваа земја во изјава за официјалната новинска агенција на Алжир истакна дека безбедносните екипи во крајбрежниот град Скикда откриле вкупно 300 килограми кокаин кој бил скриен во торби.
Изворот не даде детали околу тоа каде и на кој начин е откриен кокаинот.
Локалните медиуми тврдат дека брановите ја донеле дрогата до брегот.