Mahmut Atanur
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
ЏАКАРТА (AA) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер ја погоди Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопштено е дека земјотресот е забележан на подрачјето на провинцијата Малуку.
Подрачјето на Западна Сумба во Индонезија во вторникот го потресоа два земјотреси со јачина од 6,2 и 6,7 степени.
Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен и често е упориште на земјотреси, вулкани, бури и други природни катастрофи.
Во септември минатата година разорен земјотрес на островот Сулавеси предизвика цунами во кое животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе.