Enes Canlı
11 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
АНКАРА
Во пожарите кои во последните неколку дена го зафатија Алжир загинаа 65 лица, меѓу кои 28 војници и 37 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неповолните временски услови, претежно високите температури на воздухот и силниот ветер ги отежнуваат акциите на гаснење на пожарот. Државната телевизија јави дека бројот на загинати е зголемен на 65 лица, меѓу кои 28 војници и 37 цивили.
Меѓу најпогодените подрачја со пожари е покраината Тизи Визу, оддалечена 100 километри источно од главниот град.
Официјалната новинска агенција АПС јави дека пожарите се забележани на 71 локација во 18 покраини. Во Тизи Везу активни се 22, во Беџаја и Ел Тареф 13, во Џиџел 11 пожари и се работи на нивно гаснење.
Акциите за гаснење на шумскиот пожар што избувна во ридската област населена претежно со народот Амазиг (Бербери) се значително попречени од конфигурацијата на теренот, како и од отежнатиот пристап до тие области. Во гаснењето на пожарот учествува и Армијата.