свет

Акар: „Турција работи на што побрзо воспоставување на мирот во Идлиб“

„Турските вооружени сили работат на што поскоро воспоставување на мирот во Идлиб“, изјави Акар. Зборувајќи за турско-руските преговори за Идлиб, Акар изјави дека наскоро ќе бидат познати резултатите

Erdoğan Çağatay Zontur  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Акар: „Турција работи на што побрзо воспоставување на мирот во Идлиб“

АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Република Турција работат на што побрзо воспоставување мир во сириската област Идлиб, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акар за новинарите во Парламентот изјави дека се јасни упатствата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Турските вооружени сили работат на што поскоро воспоставување на мирот во Идлиб“, изјави Акар.

Зборувајќи за турско-руските преговори за Идлиб, Акар изјави дека наскоро ќе бидат познати резултатите.

„Врз основа на тоа ќе го заземеме нашиот став“, изјави турскиот министер за одбрана.

Акар најави и дека вечерва ќе разговара телефонски со американскиот колега Марк Еспер.

Идлиб, во согласност со Договорот постигнат меѓу Турција и Русија кон крајот на 2018 година, е дел од зоната на деескалација на судири.

Сепак, режимските сили и нивните сојузници често извршуваат напади врз зоната и го кршат договорот за примирје.

Зоната на деескалација на судири моментално е дом за 4 милиони лица, вклучувајќи неколку стотици илјади раселени.

Турција повеќепати повика на итен прекин на нападите на Идлиб и почитување на примирјето, повикувајќи ја меѓународната заедница да преземе чекори за тоа прашање или тоа ќе мора да го направи Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın